Радио Милева

Пејачката ја напушта луксузната вила во Истанбул: Емина поради синовите се сели во соседството на Мустафа

Пејачката ја напушта луксузната вила во Истанбул: Емина поради синовите се сели во соседството на Мустафа
фото:инсатграм/мустафасандал

Емина Јаховиќ и нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал ќе станат соседи.

Пејачката одлучила да почне да ја издава вилата која пејачот и ја остави по разводот, а таа со децата сака да се пресели во негова близина.

Како што пренесуваат турските медиуми, пејачката на овој чекор се одлучила најмногу поради синовите кои ги доби од бракот со Мустафа Сандал.

фото:инсатграм/еминајаховиќ

-Емина знае дека нивните синови тешко го поднесуваат разводот на родителите и по секоја цена сака тие да се чувствуваат подобро. Таа е свесна дека на децата им недостасува татко им, и дека се навикнати да го гледаат секој ден, што сега не е случај, посебно ако се земе во предвид колку се разделечени местата каде што живеат, вели извор близок до Емина.

Потсетуваме, Емина и Мустафа разумно се разведоа во јуни минатата година, по дест години брак.

Останати вести од Радио Милева