Радио Милева
проклетство на професијата

Пејачката Инди ја претепале на свадба: „Еден од гостите беше нападен па му удрив тупаница в лице, а потоа двајца мажи скокнаа врз мене и добив жесток ќотек“! (ФОТО)

Пејачката Инди ја претепале на свадба: „Еден од гостите беше нападен па му удрив тупаница в лице, а потоа двајца мажи скокнаа врз мене и добив жесток ќотек“! (ФОТО)

Пејачката Индира Инди Арадиновиќ открива дека била жестоко претепана на една ромска свадба! Фолкерката вели дека двајца мажи ја претепале, затоа што претходно го удрила едниот во главата, бидејќи  тој се однесувал кон неа нападно, вулгарно и безобразно.

„Ја доживеав најлошата и најсурова несреќа на една ромска свадба. Јас му удрив тупаница на еден гостин кој се однесуваше нападно кон мене и после тоа добив брутален ќотек од двајца мажи. Беше страшно! Прославата беше прекината, а јас завршив со хематом на главата и бутот. На истата таа венчавка пееја нашите најголеми sвезди, како што се Снежана Ѓуришиќ, Ѓани, Илда Шаулиќ …“  – раскажа Инди во шоуто „Контра шоу“ и додаде дека зажалила што ја започнала тепачката:

„Мојот потег не беше паметен. Требаше да го контактирам менаџерот кога имав проблем со некои од гостите, а не да ја влошувам ситуацијата. Едноставно, не можев повеќе да издржам, да толерирам провокации и вулгарности и бурно реагирав“ – појасни Инди.

Фолкерка исто така рече дека честопати била мета и на женски напади, а не само на мажи:

„Ме бркаа да ме убијат! Една ме турна од бината додека пеев на свадба во Париз, а потоа се обиде да ми ја скрати косата. Беа љубоморни затоа што нивните мажи ме гледаа. Се’ и се’што ми се случувало на настапи“ – раскажа Инди за „проклетството на професијата“ и непријатните случки што можат да произлезат од неа.

Фото: Инстаграм принтскрин/indira_indy_aradinovic

Останати вести од Радио Милева