Промотер

Пејачката и медената хероина снимија албум – „Пола тебе, пола мене“: Oд Сузана – „За Атиџе“ (видео)

Пејачката и медената хероина снимија албум – „Пола тебе, пола мене“: Oд Сузана – „За Атиџе“ (видео)

Хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова и македонската пејачка, водителка, писателка Сузана Турунџиева го објавија својот прв албум  насловен како „Пола мене, пола тебе“,

На албумот има осум песни од кои дел се на Атиџе, дел на Сузе, а останатите се од други автори. Песните се снимени во студиото на Роберт Поп – Димов.

Се промовираа и два нови спота, за една турска народна песна и за песната која Турунџиева ја напиша, а се вика едноставно, „За Атиџе“. И двата спота се снимани во Истанбул, од каде што  неодамна се вратија двете дами.

-Кога првпат се сретнавме и ја замолив да ми запее нешто, таа со широка и искрена насмевка ми отпеа 3 македонски песни кои сама ги компонирала… Фасцинирана од нејзиниот натурален овчеполски сопран ја прашав дали ќе сака да ми отпее некоја турска песна. Тогаш Атиџе ми ја отпеа песната за Фериде, и знаев дека еден ден заедно ќе ја испееме …

Благодарение на вештината и мајсторството на нашиот продуцент и аранжер Роберто Поп Димитров, направивме супер дует кој го спакувавме со прекрасни видео материјали од волшебниот Истанбул за кој беше задолжена драгата Вале, напиша Турунџиева на Фејсбук/

Автор на песната е Сузана Турунџиева, а аражманот е на Роберт Поп Димитров.  Сузана истакна дека песната е благодарност кон Атиџе.

Во продолжение слушнете ја песната „За Атиџе“.

фото: притнскрин/јутуб/фејсбук/сузана турунџиева

Останати вести од Промотер