Радио Милева
старо друштво ама поделено

Пејачката и манекенката ја смирија топката, но дали тоа е на повидок и со бракот на Тамара и Мачка?! (фото)

Пејачката и манекенката ја смирија топката, но дали тоа е на повидок и со бракот на Тамара и Мачка?! (фото)

На почетокот од годинава во домашните медиуми се шпекулираше дека некогаш најдобрите другарки, пејачката Тамара Тодевска и познатата манекенка Катарина Ивановска повторно не се во добри односи, а причината наводно била – изневерена доверба, барем така се шпекулираше.

Пејачката и манекенката тогаш не се огласија по ваквите пишани приказни, што дополнително даде потврда на навестеното, а згора на тоа ги тргнаа и заедничките спомени од социјалните мрежи.

Сепак, оттогаш помина доста време, а старите добри пријателки повторно се дружат.

Катарина Ивановска зад себе има еден неофицијален брак од кој има две деца, а исто така и нејзниот сегашен партнер Перо Антиќ, кој од бракот со сопругата Ружица има три сина.

Тие засега одлично функционираат како пар, но ги немаат во друштво заедно Тамара и Мачка кои се разделуваат по седум години брак.

Познато е дека, Катарина, Тамара, Перо и Александар-Мачка често се дружеа, но сега околностите се поинакви.

Од денешна перспектива  имаат посебна дружба- машко женска. Перо и Мачка на едно место, Тамара и Катарина на друго.

Од објавите Антиќ се пошегува дека со Мачка се надмудруваат седнати на пијачка во еден скопски ресторан, а пак другарките заедно со актерката Ана Стојановска, се онака опуштени во исто време, но на друго место.

Дали средбата е случајна или пак со висока цел за помирување на сопружниците, а можеби и само онака за лаф муабет, најдобро знаат самите.

Ако е она второто, бидејќи на Тамара и тргна со помирување, тогаш прашањето е чија е улогата на медијатор?

Останати вести од Радио Милева