Радио Милева
три прста...

Пејачка, проститутка, патриот… Еве што има истетовирано на својот грб трансродовата Електра Елит (ФОТО)

Пејачка, проститутка, патриот… Еве што има истетовирано на својот грб трансродовата Електра Елит (ФОТО)

Електра Елит е српска трансродова пејачка која  неодамна објави две нови песни, дует со старлетата Мина Врбашки и пејачката Анџелина, а беше и еден од главните изведувачи на EuroPride.

Таа сега крена голема прашина со својата тетоважа, а луѓето не престануваат да го коментираат нејзиниот потег. Имено, Електра на својот грб истетовирала рака која покажува три прста. Ноктите се во боите на српското знаме, а околу зглобот има бројаница со крстче.

Да потсетиме, таа за настапот на Парадата на гордоста носеше фустан во боите на српското знаме, а претходно се пофали дека истетовирала три прста на грбот.

„Јас сум патриот и ја обожавам Србија. Истетовирав три прста на грбот затоа што се гордеам со своето потекло, со тоа од каде сум. Фустанот е во боите на нашето знаме затоа што ми е многу важно да ги почитувам луѓето кои дојдоа вечерва да ме поддржат, како и да и се заблагодарам на нашата земја за се“ – изјави Електра за српски Еспресо.

Инаку, Електра отворено зборува за нејзината примарна работа во Швајцарија.

 

„Не познавам ниту еден пејач кој работи и настапува 365 дена во годината, а јас професионално се занимавам со проституција веќе 15 години. Ја сакам мојата работа и кога одам во Швајцарија буквално ја бакнувам улицата каде што работам. Таму е тоа легализирано, јас плаќам паушален данок, имам здравствено осигурување и никој не може да не малтретира и експлоатира. Доколку има и најмал проблем со клиентот, полицијата реагира во рок од неколку минути.

Имам мои редовни клиенти кои секогаш ми се враќаат. Кај мене доаѓаат само хетеросексуални мажи за кои транс жената е фантазија. Повеќето мажи  од Балканот ми доаѓаат затоа што имаат голема желба да имаат секс со пејачка. Најмногу ми се допаѓаат оженети мажи, дрвосечачи, крупни, силни, мажествени во „крими-џими стил“ – објаснила таа.

Фото: Инстаграм принтскрин/elektraelit

 

Останати вести од Радио Милева