Промотер

Павле Камилоски во автентичен стил ја испеа својата нова песна – „Mia Bella“ (ВИДЕО)

Павле Камилоски во автентичен стил ја испеа својата нова песна – „Mia Bella“ (ВИДЕО)

„Mia Bella“ е новата песна на македонскиот изведувач и уметник Павле Камилоски, чиишто видео спотови се препознатливи по неговиот боемски шарм и емотивна инспирација.

Истата музичката екипа која за Павлеја создаде и претходната тема,  „Универзумот си работи за нас“, ја креираше и „Mia Bella“. Музиката, и аранжманот се дело на Александар Тарабунов, додека текстот е на Ксенија Николова, а режијата на шармантната видеоприказна ја носи Александар Ристовски – Принц.

Пост-продукцијата ја изработува студиото на Тарабунов, а непосредноста во гласот на Павле го истакнува неговиот придружен вокал, Сара Пројковска.

 

Спотовите на Павле се одликуваат со романтична црта и доминантна префинетост, а тоа во неговата „Mia Bella“ пејачот го доловува во друштво на  убавицата Симона Петреска.

Во продолжение проследете ја „Mia Bella“:

Останати вести од Промотер