Љубов и Секс

Пар кој е 72 години во брак ја открил тајната за долговечна љубов: Овие 7 нешта се пресудни

Пар кој е 72 години во брак ја открил тајната за долговечна љубов: Овие 7 нешта се пресудни

Колку и да се трудиме да го пронајдеме рецептот за успешен брак или долговечна љубов, факт е дека тој не постои. И тоа ќе ви го потврдат сите оние кои успеале да останат заедно и да ги надминат сите пречки.

Сепак, повеќето такви парови ќе се сложат дека се клучни две работи: љубов и почит.

Еден пар, 95-годишните господин и госпоѓа Ломбарди, во брак се веќе 72 години, а како што тврдат тие, денес се сакаат повеќе отколку на почетокот. Тие со помладите генерации споделиле неколку совети како и нивната љубов да трае толку долго и велат дека од првиот ден се придржуваат до овие 7 нешта:

Љубовта е суштината на сè

Трудете се љубовта да биде суштината на сѐ што правите, дури и кога тоа не е лесен избор. Љубовта е, велат тие, одговор на сè.

Давајте си комплименти

Секојдневно давајте си комплименти еден на друг. Пофалете ги ситниците кои партнерот ќе го направат среќен и задоволен.

Чувајте го семејството

Своето семејство формирајте го во близина на вашите семејства, а потоа трудете се секогаш да бидете во близина на своите деца кога тие ќе се отселат од вас и ќе започнат самостоен живот.

Никогаш не изневерувајте

Не е важно дали неверството е емотивно или физичко, едноставно не правете го тоа. Како што вели овој брачен пар, ако се обврзете кон некого, работете на тоа вашиот однос да успее – секој ден, додека смртта не ве раздели.

Никогаш не си легнувајте лути еден на друг

Никогаш не си легнувајте во кревет лути еден на друг. Едноставно бакнете се, посакајте си добра ноќ, а потоа решете ги вашите недоразбирања во текот на следниот ден.

Во ред е да се карате

Несогласувањето и размената на мислења се нормални во секоја здрава врска. Дури и кога не се согласувате, сослушајте се еден со друг. Не избегнувајте кавги и не бидете согласни со мислењето на партнерот по секоја цена бидејќи тоа кога-тогаш ќе прерасне во проблем.

Почитувајте се

Освен љубовта, најважната работа за добар и квалитетен однос е почитта. И кога станува збор за ова, едноставно нема компромис.

извор: точка.мк