Радио Милева
компатибилни...

Панчо – ДНК се пофали: „Успеав во животот“! (ФОТО)

Панчо – ДНК се пофали: „Успеав во животот“! (ФОТО)

Панчо од ДНК, кога не настрапува со својот компањон Андреј, настапува сам како ДЈ Шорти. Неговата агенда е речиси постојано исполнета. Нема град, клуб, дискотека… во Македонија, каде не го претставил свој ДЈ сет перформанс. Малку по малку, ДЈ Шорти станува познат и надвор од границите на нашата земја, па полека излегува и надвор од Македонија. Последното нешто со што се пофали се претстојното учество и настапот на еден од најголемите, ако не и најголемиот  фестивал во Европа, популарниот „Егзит“ во Нови Сад.

На таканаречената „хип -хоп страна“ на фестивалот, ДЈ Шорти ќе настапи на една од фестивалските сцени, заедно со најголемите светски имиња, што е навистина голем успех.

Арно ама и колку да е ова постигнување за пофалба, на Балканот во животот не си успеал ако не снимиш дует… И тоа не со било кого, туку со некој од оние чија музика „царува“ во регионот. Погодувате, во прашање е турбо-фолкот!

Епа верувале или не, ама и Панчо – успеа во животот! До душа успехот му е  се’ уште во најава, ама на добар пат е да го реализира наскоро. Имено, тој неодамна се најде во ист град – Штип,  на исто место – ист хотел, само различна соба и различен клуб со српската фолк пејачка Сандра-Африка.

Атрактивното српско „мињонче“ кое поседува невиден сексапил, а и едно од најубаво извајаните га*иња на регионалната естрада, не само што на прва Панчо ја освои, туку и од прва се договорија за соработка. Падна договор за дует! Дали ДНК и Сандара-Африка или Сандра – Африка феат. ДЈ Шорти… ќе видиме и слушнеме!

Важно е дека  македонската „ар ен би“  и рап ѕвезда го зачини својот репертоар со турбо елементи. Па кога може МЦ Стојан што не би можел ДЈ Шорти?

А и некако на фотографијата со која Панчо се пофали дека „успеал во животот“ си одговараат со сексапилната Сандра – Африка… Ако не друго по височина. Компатибилни… по вертикала!

 

 

Останати вести од Радио Милева