Радио Милева
полно срце

Панчо ДНК ја доби најголемата награда што еден артист може да ја има (фото)

Панчо ДНК ја доби најголемата награда што еден артист може да ја има (фото)

Статуетки и разни наградни признанија секако се гордост и среќа за еден артист, кога се добиваат дома, па уште подраги и кога се од надвор.

Сепак, ништо не се мери со сатисфакцијата која еден уметник ја добива од публиката, особено преточена во збор, пеење на стихови, громогласен аплауз, чекање на бис на настап…

Владимир Блажев или попознат како Панчо Шорти –ДНК неодамна заедно со композиторот Лазар Цветковски ја создадоа песната „Ако утре ме нема“ која за ултра кус период стана вистински хит кој се пушта во дискотеки, кафилиња, радио станици, има стотици илјади прегледи на интернет каналот Јутјуб и се пее во еден глас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)

Дополнително песната им се допадна и на соседите, па деновиве осамна и преработката на српски јазик „Ако сутра ме нема“ испеана од Џенан Лончаревиќ. Но, Панчо ја доби најголемата награда како еден од авторите на музиката и текстот.

-За мене, ова е најголемата награда што еден артист може да ја добие. Ви благодарам!, пишува Панчо за коментарите кои ги добива од публиката.

„Уфф ме растури песнава психички скроз ме искина! Браво!“, „Браво“, „Песна за милион години“…

А како песна која се слуша на „рипит“, пуштете си ја „Ако утре ме нема“.

Кога и медиумите тоа го забележуваат и објавуваат за пошироката маса, веруваме дека им  е уште подраго.

фото:Инстаграм/Панчо Шорти/ Стефан Рајхл

Останати вести од Радио Милева