Радио Милева
„печат“ нов занает?

Панчо – ДНК и Огнен Здравковски сменија професија: Нема леб од музика, ама нема ни срам од работа, па заедно тргнаа да учат „како се раѓа лебот“ (ВИДЕО)

Панчо – ДНК и Огнен Здравковски сменија професија: Нема леб од музика, ама нема ни срам од работа, па заедно тргнаа да учат „како се раѓа лебот“ (ВИДЕО)

Корона пандемијата никако да стивне… Го покоси целиот свет, а нас речиси не уништи… Во сите сегменти, најмногу здравствено, но покрај здравјето најпогодена е економијата… Дојдовме до ситуација на многумина да им биде загрозена егзистенцијата, елементарната можност за живот и преживување. Многу професии престанаа да фунционираат, многу работи застанаа, се замрзнаа и или згаснаа и се затворија, а една од најпогодените е и естрадата.

Нема јавни собирања, нема можност за настапи, свирки, концерти, прослави, веселби, свадби… Нема каде да се свири, пее, глуми, настапува… Многу од естрадните ѕвезди се доведени до работ на егзистенција, на работ да станат социјални случаи, на листитете на невработени во Агенцијата за вработување, со речиси уништена кариера и тотално неизвесна иднина…

И бидејќи на чумата на 21-от век – Ковид 19, ниту оддалеку не и се гледа крајот, многумина од естрадата сакале или не,  тргнаа да си го бараат чарето. Алтернативна работа, привремена или целосна преквалификација во нова, слична или сосема поразлична професија од која додека не помине короната, а можеби и потоа, ќе продолжат да живеат и егзистираат.

Можеби нема леб од музика, ама нема ни срам од работа, па многумина заедно тргнаа да учат „како се раѓа лебот“ ,во нешто што никогаш порано не го работеле. Меѓу сите ѕвезди и тие двајцата…

Панчо и Огнен Здравковски… Половина од ар ен би дуото ДНК и младата македонска „Гранд ѕведа“ заедно… Навидум неспоив „музички“ спој во „невозможна мисија“, но овој пат немузичка? Чисто егзистенцијална или само рекламна, сеедно, но едно е сигурно: Новото работничко дуо е родено!

И наместо да кукаат и плачат, да се жалат и бараат државна помош и субвенции, Панчо и Оги засукаа ракави, ставија престилки и сериозно си ја сфатија работата, па тргнаа да го „печат занаетот“…  Едниот од ДЈ, ар ен би артист и рапер во пекар во „Кујната“, покрај печката, другиот од пејач, во продавач зад пултот…

Дека баба лаже, а Вистина.ком.мк – не лаже, туку секогаш ја објавува само вистината, доказ се објавите на двајцата тазе вработени пекарски работници.

„Друштво, знаеме дека од работа нема срам, па затоа сакав да споделам со вас, а воедно и заблагодарам на D’Kitchen и целиот нивен тим што ме вработи и даде можност да го “испечам” занаетот за пица мајстор и додека трае пандемијата да имам некакви приходи. Покрај највкусните гиро пити и пастрмајлии, за кратко време ќе го прошират нивното мени со пица за кои ме обучуваа последните 3 недели.
За кратко ќе уживате во вкусовите, а јас со нетрпение чекам да се дружиме, само што овој пат јас ќе ги правам, а вие ќе ги јадете и уживате. Да не заборавам да го пофалам и Огнен кои исто така одлично се снаоѓа во улогата на продавач. Се гледаме во DKitchen“ – напиша Панчо во постот покрај споделеното „пицмајстор“ видео.

„Додека трае забраната за настапи, со Владимир Блажев си најдовме нова работа! Голема благодарност до ‘Кујната’“ – сподели објава Огнен на Фејсбук.

Ваше само да нарачете и пробате гиро, пити, пици и пастрмајлии и друга вкусна понуда од рацете на вештиот мајстор Владимир Блажев, а да ја добиете убаво и безбедно спакувана од младиот продавач Огнен Здравковски.

Ним новата работа „ им оди со песна“, а вам веруваме дека јадењето ќе ви биде уште повкусно, ако знаете кој ви го приготвил и понудил. Епа, наздравје со специјалитетите од тесто од „естрадната кујна“ на Панчо и Оги. Та било тоа нивна нова работа или само добро осмислена реклама!

Останати вести од Радио Милева