Радио Милева
Има сè, може сè

Паметно ги вложуваат парите од продажбата на „Гранд“: Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ купуваат два стана во елитна населба во Белград

Паметно ги вложуваат парите од продажбата на „Гранд“: Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ купуваат два стана во елитна населба во Белград

Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ купуваат два стана во елитна населба во Белград.

Директорот на „Гранд“ и неговата сопруга наводно ја ангажирале фирмата на Вики Миљковиќ да им најде и уреди станови во најлуксузната населба во Белград.

Познатиот пар одлучил станбено да ги обезбеди своите деца:  Александра и Даниел.

„Саша и Сузана сакаат паметно да ги вложат своите пари од продажбата на Гранд. Ќе купат два луксузни стана, на секое дете по еден. Ако Александра и Даниел не сакаат таму да живеат ќе ги издаваат, па ќе може да заработуваат од кирија“, вели добро известен извор и додава дека Вики Миљковиќ им помага во оваа инвестиција.

„Сале одма и се јави на Вики која со сопругот има фирма за купување и уредување на станови. Таа им кажа дека ќе им најде два убави стана во населбата „Белград на вода“ и ќе ги уреди по нивна желба. Вики веќе долго време е во овој бизнис, Саша е сигурен дека ќе одбере добри станови“, вели соговориникот.

Сузана Јовановиќ барала становите да бидат во иста зграда.

„Вики веќе пронајде луксузени недвижности со поглед на Сава. Таа одбра четири стана со различна квадратура, па сега чека Поповиќ и Сузана да се вратат од одмор и да ја видат понудата“, вели изворот.

Сопругата на Поповиќ откри зошто сакаат да купат станови.

„Сале и јас сакаме да им обездиме кров на децата. Сон на секој родител е на децата да им купи недвижности. Точно е дека се обративме кај Вики за помош и нејзината фирма ќе го уреди ентериерот“, вели пејачката.

фото: Митар Митровиќ/рас србија/рас србија/инстаграм/ сузана јовановиќ

Останати вести од Радио Милева