Живот и Стил

Палачинки со овесни снегулки и банана: Здрава и хранлива опција за ден полн со енергија

Палачинки со овесни снегулки и банана: Здрава и хранлива опција за ден полн со енергија

Овие брзи и лесни палачинки може дури и да ги заменат традиционалните кога сакате брзо да подготвите слатко задоволство.

Ако ништо не може да се спореди со рецептот на нашите баби за палачинки со вашиот избор на намаз, овие сигурно ќе бидат похранлива и поздрава опција за појадок и почеток на денот, која доволно ќе ве засити.

Состојки:

– 2 јајца;

– 150 гр. овесна каша;

– 200 мл. млеко;

– 1 банана;

– половина лажичка прашок за пециво;

– прстофат сол;

– цимет по желба.

Подготовка:

Иситнете ги снегулките со помош на сецко (или блендер). Измешајте ги јајцата, млекото, солта и циметот, па додајте ги иситнетите снегулки и испасираната банана, но внимавајте смесата да не е премногу ретка бидејќи не правите класични палачинки. Затоа, нека биде малку погуста, а можете и накнадно да ја згуснете со додавање банана.

Печете на средна температура, на претходно загреана тава за палачинки. Смесата истурете ја со кутлача, и оставете сама да се разлие – со големина на американски палачинки. Знак дека треба да ја свртите е кога ќе се појават меурчиња. Пржете ја другата страна уште една минута или две.

Послужете со преливот кој го посакувате (или мед) и исечкана банана.