Промотер

Пајак сака да ве запознае со девојката во која е заљубен „до коска“, а таа е ладна како – „Москва“ (ВИДЕО)

Пајак сака да ве запознае со девојката во која е заљубен „до коска“, а таа е ладна како – „Москва“ (ВИДЕО)

Младиот трап артист од Охрид, Христијан Настески попознат под уметничкиот прекар Пајак, во издание на „Урбан рекордс“ ја промовираше својата втора песна во рок од само седум дена.

Имено по „Олуја“ на сите платформи беше објавена  и „Москва“, песна за која текстот и музиката вообичаено ги напишал амиот  Пајак, а аранжманот, миксот и мастерингот и овој пат се дело на Иван Јованов – Iwayo, со тоа што во аранжирањето на темата учествувал и Стефан Николоски.

За разлика од претходната „Олуја“, темата „Москва“ не само што е помелодична и попевлива, туку е и визуелизирана со вистинско урбано видео, кое ја следи лириката на стиховите и поентата на текстот на песната.

Видеот го продуцирале „Солушн плус“, под дрежисерска палка на Били Д. и Гордан Божиновски. Zад камерата биле одново Били Д. и Никола Nаумовски  кој и го уредил спотот, а како извршен продуцент одново е потпишан Гордан Божиновски.

Како звучи  песната и  и изгледа видеото за онаа во која Пајак е заљубен „до коска“, а таа е ладна како – „Москва“ , проследете во продолжение:

Останати вести од Промотер