Мегафон

Овој викенд во „Мериот“: „Винодонија“ по шести пат

Овој викенд во „Мериот“: „Винодонија“ по шести пат

Денес и утре, во хотелот „Мериот“ ќе се случува шестото издание на „Винодонија“, ивент што на едно место ги собира најдобрите вина, вљубеници на оваа божја напивка, добрата музика со бендот на Ѓорѓи Шаревски, се што прави фантастична атмосвера во деновите на ноемврискиот викенд, од 15 до 21 часот. Организаторите најавуваат вистински предизвици: гостите ќе дегустираат вина од 60 винарии со импресивна бројка од 450 етикети. Подгответе се за убави вински тури! Освен тоа, „Винодонија“ ќе понуди едукативен пристап кон виното: за два дена ќе се случат 5 работилници и мастер клас дегустации насловени по земјите и предизиците: „Запознај ја винската Унгарија“, „Запознај ја винската Хрватска“, „Основи на спарување на вино и храна“ и „Во светот на винските меурчиња“. Во рамките на салонот ќе можат да се вкусат и гастрономски егзибиции на тартуфите на семејството Митрови: ТУФ тартуфи, сувомеснатите производи на Гаврилоски, козјо сирења на „Кози млеко планина“, производите на „Моја бавча“ и Sezer’s Organic Farm, џемовите и намазите на Мирјана и Бранко Ангелески, тартуфите на Саша Стојчески, органско масло од лешник, Ликом маслинови масла, Екстра фунги, Био Оил масла, Пекабеско…, брендови што ќе го потенцираат вкусот на виното. Сите што изминатите години биле присутни на овој вински салон, велат, настанот не треба да се пропушти. Ве чекаме на Винодонија!