Живот и Стил

Овој природен сок ги намалува неподносливите симптоми на алергија

Овој природен сок ги намалува неподносливите симптоми на алергија

Симптомите на алергија на амброзија можат да бидат многу непријатни, а пропишаните лекови можат да предизвикаат бројни нуспојави помеѓу кои и поспаност.

Еднo од растенијата кои во овој период на алергии задаваат најголема мака е секако амброзијата. Поленовите зрнца на амброзијата можат да предизвикаат кивање, црвенило на очите, отежнато дишење и да ја нарушат слузницата на дишните патишта.

Доколку сакате на природен начин да се ослободите од непријатните симптоми на алергија и истовремено да го зајакнете организмот, подгответе го овој вкусен сок чии состојки делуваат антивоспалително, ги отвораат дишните патишта и ја нормализираат работата на слузницата.

Потребни состојки:

– 1 поголем морков
– 1 јаболко
– 1/4 ананас (свеж или 2 парчиња од конзерва)
– парче целер
– половина цвекло

Начин на подготовка:

Темелно измијте го овошјето и зеленчукот и исечкајте го на парчиња. Ставете ги состојките во соковник, а потоа префрлете го сокот во стаклено шише.

Консумирајте на празен желудник или помеѓу оброците.

извор: точка.мк