Радио Милева
„сладок како шеќер“

Овој Македонец ги освои симпатиите на жирито во „Ѕвездите на Гранд“: Цеца прва му даде глас, а Поповиќ порача: „Сладок е како кукла“ (видео)

Овој Македонец ги освои симпатиите на жирито во „Ѕвездите на Гранд“: Цеца прва му даде глас, а Поповиќ порача: „Сладок е како кукла“ (видео)

Во саботното издание на „Ѕвездите на Гранд“, македонски претставник беше Горан Тонев (21) од Штип.

Тој се претстави со песните „Синоч ниси била ту“ од Здравко Чолиќ и „Во коси да ти спијам“ од Тоше Проески.  По неговите интерпретации тој успеа да освои вкупно четири гласа од стручното жири и еден глас од продукцијата.

Родителите на Горан беа негова поддршка во „собата за емоции“, кои беа емотивни поради настапот на нивниот син.

„Што да ви кажам? Ние сме возбудени и среќни. На него ова многу му значи. Ви благодарам на сите на гласовите“, изјави родителите на Македонецот.

Иако доби гласови од Вики, Цеца, Ѓорѓе Бекута и Мили, само Цеца и Мили го потврдија нивниот глас односно прифатија да бидат ментор на Горан.

„Види го колку е сладок, како кукла“ изјави Поповиќ, а Ражнатовиќ истакна дека таа го сака во својот тим.

Ана Бекута истакна дека била само поддршка на македонскиот кандидат поради првата песна.

Цеца Ражнатовиќ откри дека во својот тим сега ја има и Ивана Петерс, па за едно ќе се потрудат да ги подготват кандидатите.

Саша Поповиќ одлучи нашиот претставник да оди во тимот на Цеца Ражнатовиќ, а кога Поповиќ откри дека оди кај Ражантовиќ, таа извика –„Јесссс, тоа“.

Неговиот настап погледнете го во видеото подолу на 48:13.

фото: З.К Муња/ принтскрин/јутуб/звезде гранда

Останати вести од Радио Милева