Живот и Стил

Овие грешки ги прават речиси сите кои се греат на дрва: Како да заштедите во текот на зимата?

Овие грешки ги прават речиси сите кои се греат на дрва: Како да заштедите во текот на зимата?

Печките на дрва се главните уреди за греење на голем број домаќинства во Македонија.

Ваквите печки мора да бидат професионално инсталирани, а нивниот капацитет да одговара на големината на просторот што го загрева.

Доколку имате камин, а не е во функција, потребно е да ја затворите вратата за да спречите загуба на топлина низ оџакот.

Не е неопходно огништето да се преполни со дрва. Ефикасноста е подобра ако ложиштето е исполнето со помали количини дрва.

За да се постигне најдобро можно согорување и ефикасност на системот, трупците не треба да бидат поголеми од 10-15 сантиметри.

Местото каде што го чувате дрвото мора да биде суво, бидејќи во спротивно дрвото станува повлажно и горењето е потешко.

Извор: Курир.мк