На ден 20.03.2022 година, во Валандово стручната комисијата при „Фолк Фест“ – Валандово, ги преслуша композициите кои беа пристигнати на претходно распишаниот меѓународен конкурс и избра 23 композиции кои ќе бидат изведени во натпреварувачкиот дел од фестивалот.
Оваа година се одбележува 35 годишен јубилеј на „Фолк Фест“ и се продолжува традицијата на создавање квалитетна новокомпонирана македонска фолк песна. Избраните композиции ќе бидат изведени во една натпреварувачка вечер.
Комисијата беше во состав: Живојин Глишиќ (Уметнички директор и претседател на комисијата), Методија Автовски, Кирил Тодевски, Ѓоко Павлов, Ѓорги Кајџиев.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.