Радио Милева
хрватски фризер и пејач

Oваа убавица во прегратката на Александра Пријовиќ не е жена: Се вика Божидар (фото)

Oваа убавица во прегратката на Александра Пријовиќ не е жена: Се вика Божидар (фото)

Александра Пријовиќ го одржа својот 4-ти по ред концерт во загрепската Арена, а по одличната вечер во бекстејџот ја пречекаа поединци кои сакаа да се фотографираат со неа.

Една фотографија стана хит на мрежите, а станува збор за очигледно исклучително атрактивна бринета која позира со Александра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Božidar Pavlić (@bozo_kralj_star)

Меѓутоа, не се работи за девојка, туку за маж Божидар Павлиќ, познат и како Божо Краљ. Станува збор за хрватски фризер, а од неодамна и пејач која соработува со познати Хрватки како дизајнерката Матија Вуица, пејачката Хана Машиќ, моделот Тина Мустапиќ.

Тој еднаш изјави дека повеќето од луѓето кои го контактираат се оженети мажи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Božidar Pavlić (@bozo_kralj_star)

Не знам што ги пали толку многу, но најмногу ме контактираат оженети, сонуваат ноќ помината со мене, можам да заклучам дека тоа е поради мојот атрактивен изглед, но искрено ми е жал за нивните сопруги – изјавил Божидар за „Јутарњи лист“.

Пред повеќе од една година тој призна дека е во врска една деценија, а негова искрена поддршка му се партнерот и семејството.

Фото: Принтскрин/Instagram/aleksandraprijovic

Останати вести од Радио Милева