Радио Милева
враќање во иднината

Оваа песна е нејзина библија: Андријана Јаневска вака ја започна криерата пред 21 година! (ВИДЕО)

Оваа песна е нејзина библија: Андријана Јаневска вака ја започна криерата пред 21 година! (ВИДЕО)

Жена, мајка, сопруга… Музички од Бога надарена, академски образована, музички педагог, виолинист, естрадна уметница за која  важи дека има „апсолутен слух“, беспрекорен вокал… Или со име и презиме – Андријана Јаневска.

Тоа што македонската естрада не е исто што хрватската или српската е единствената пречка што денес таа како и многу други македонски мултиталенти не се познати во регионот. Но и тоа не е пречка, денес таа да биде омилена професорка, почитувана колешка, автор, врвен репродуктивен уметник, естрадна личност повеќе од две децении…

Токму во предзорието на најавената нова тема и видеото за неа, која Андријана Јаневска ги снимаше деновиве, таа се потсети на своите почетоци. На првиот фестивалски настап пред истите оние две децении, или поточно пред цели 21 година, во 1998-та кога заедно со тогашното вокално откритие, битолчанецот Пеце Огненов во дует ја отпејаа „Те сакам бескрајно“ на „Скопскиот фестивал“, нејзина авторска песна (музика и стихови), напишана на само 16 години. Младост, ама и зрелост… која подоцна ќе се покаже како точна и полезна и за неа и нејзиното творештво и севкупна музичка кариера!

На денешен ден 1998 година, со оваа песна ја започнав мојата кариера на македонската естрада. Имав само 16 години. Оваа песна е моја (музика и текст), а аранжманот е на Местро Илија пејовски. Пеце Огненов,  ти благодарам што прифати да пееш со мене. А Вам, фала Ви што ме слушате 21 година“ – порача Андријана преку својот Фејсбук профил.

Под него и видото како  потсетник на старите добри времиња кога бевме помлади, многу посреќни и… постојано распеани. Таков беше почетокот на Андријана Јаневска, а она што следува…? Неговата промоција ја очекуваме секој ден!

До нејзиното „враќање во иднината“, мало потсетување на минатото и нејзиниот фестивалски „прв пат“ со микрофонот пред публика… „Те сакам бескрајно“!

 

 

Останати вести од Радио Милева