Радио Милева
само фаза од животот

Оваа “брзозборка“ беше првата водителка на „Ѕвездите на Гранд“: Се сеќавате ли на „мис лапсус“? (ФОТО)

Оваа “брзозборка“ беше првата водителка на „Ѕвездите на Гранд“: Се сеќавате ли на „мис лапсус“? (ФОТО)

Поранешната водителка Инес Гавриловиќ своевремено беше една од најпопуларните во регионот. Таа долго време беше водителка на „Неделното попладне“, по што беше и прва водителка на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“. Тогашните учесници  се сеќаваат на Инес, дури и две децении подоцна.

Инес беше позната како некоја која многу брза зборува, така што нејзините лапсуси се случуваа често и беа раскажувани додека таа никогаш не се грижеше за тоа. Всушност, тоа стана нејзин заштитен знак од кој не можеше или не сакаше да избега.

И додека се занимаваше со ТВ водителство, Инес не сакаше многу да се експонира во медиумите, особено откако реши да се повлече од јавноста. Таа и денес одбива да комуницира со медиумите или да се рекламира заради која било причина, зашто и е преку глава од јавната работа, која очигледно била само една фаза од нејзиниот професионален живот.

Решила да води мирен семеен живот, се реализирала како мајка и се посветила на сосема различни работи кои се далеку од очите на јавноста. Сепак, и по толку години, Инес изгледа феноменално, младешко и свежо и весело, што се гледа и од фотографијата на која е сликана со својот пес.

Фото: Јутјуб принтскрин

Останати вести од Радио Милева