Радио Милева
слатка како малечка, секси како голема

Ова убаво мало девојченце денес позната македонска пејачка со атрактивен изглед: Од слатко бомбонче до секси мињонче! (ФОТО)

Ова убаво мало девојченце денес позната македонска пејачка со атрактивен изглед: Од слатко бомбонче до секси мињонче! (ФОТО)

Ситна, динамитна, атрактивна, експлозивна, набиена со енергија и сексапил… Фолк мињонче како бонбонче. Така отприлика ја опишуваат македонската пејачка која ја споделила фотографијата од нејзиното рано детство на која ова слатко мало девојченце изгледа како од приказните.

Крупни црни очи како охридски цреши и широка срамежлива насмевка ја краси оваа малечка убавица на ретро фотографијата.  истите оние атрибути кои ја красат и денес, се разбира покрај оние телесните, зашто малечкото девојченце денес е пораснато во расна убавица со раскошна убавина.

Вито тело со тесен струк, долги тенки нозе,  доволно бујна и однапред и одзади, со златно грло и скромен карактер, таа важи за една од најпривлечните, но велат и најпосакуваните моми за мажење на фолк естрадата.

Ако се’ уште не успевте да погодите за кого се рабити, веднаш да ви кажеме дека дека во прашање е атрактивната фолкерка Стојне Николова, која на фотографијата што ја споделила е сликана со нејзиниот брат во годините на заедничкото детство во родната Струмица.

Иако кариерата и е во постојан пораст, од друга страна Стојне приватниот живот го крие „како змија нозете“ уште од првиот ден, а на новинарските прашања за нејзината приватност и интима бега како „ѓавол од темјан“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by STOJNE NIKOLOVA (@stojne_official)

Сепак, гледајќи ја нејзината појава, повеќре од јасно е дека некој „мал ѓавол“  лежи скриен некаде длабоко во неа, само секапилната фолкерка веројатно чека да се појави некој кој истиот ќе го разбуди.

Чаршиските приказни кои лани бргу стигнаа и до медиумите за наводната врска на фолк пејачката  со нејзиниот менаџер и колега, музичарот  Бобан Мојсовски – Мојсо, кој при тоа е женет човек, Стојне веднаш со факти ги демантираше.

Сепак при тоа не кажа дали има некого со кого заедно живее во новиот стан во Скопје или барем ја дели љубовта?

Она што споделената фотографија го покажува е дека мажот кој во моментов најмногу и недостига е… нејзиниот брат!

Фото: Инстаграм принтскрин/stojne_official

Останати вести од Радио Милева