Радио Милева
опасни, богати, познати, моќни...

Ова се сите (официјални) мажи во животот на Карлеуша: Ќанда, Кариќ, Мариќ, Тошиќ… Врањеш и останатите „за една употреба“, не ги броиме (ФОТО)

Ова се сите (официјални) мажи во животот на Карлеуша: Ќанда, Кариќ, Мариќ, Тошиќ… Врањеш и останатите „за една употреба“, не ги броиме (ФОТО)

Јелена Карлеуша е една од најконтроверзните пејачки на српската и регионалната естрада. Поради своето однесување, скандалозните изјави и шокантните настапи таа го доби прекарот „мала од скандала“ според нејзината истоимена песна. Карлеуша важи за личност која нема влакна на јазикот и често влегува во конфликти.

Карлеуша од почетокот на кариерата привлече големо медиумско внимание, а најинтересни беа нејзините романтични врски со познати мажи. Срцето на Јелена најмногу го освојувале бизнисмени, а сепак се чинеше дека на крај целосната среќа ја нашла со некогаш познатиот фудбалер. Но, на крај излезе дека нејзиниот љубовен живот продолжува до бескрај…

Ова се сите мажи на Јелена Карлеуша:

1. Зоран Давидовиќ – Ќанда

Во 1999 година Карлеуша беше во врска со бизнисменот Зоран Давидовиќ – Ќанда. Сепак, љубовната приказна на Јелена не заврши среќно. На 23 март 2000 година, Давидовиќ беше убиен додека се враќаше од погребот на новосадскиот бизнисмен Бранислав Лаиновиќ – Дуги.

По неговата смрт, Јелена направи мала пауза во кариерата, за да се врати на сцената во 2001 година со албумот „Лудача“, кој вклучува балада посветена на Ќанда.

2. Бојан Кариќ

Кога снимила албум за „БК Саунд“ во 2002 година, Јелена започнала романса со Бојан Кариќ, еден од наследниците напозната, ултра богата империја.

Тие се венчаа во септември 2004 година, но се разведоа по помалку од пет месеци брак. Се шпекулира дека разводот следел бидејќи парот немал заедничко потомство.

Некои велат дека Јелена го изневерувала Бојан со неговиот личен телохранител, а таа тврдеше дека се работи за местенка чија цел била да и го уништи бракот.

3. Владан Мариќ

По разводот со Бојан, Карлеуша беше во врска со контроверзниот бизнисмен Владан Мариќ, кој претходно се забавуваше со хрватската старлета Нивес Целзијус и водителката Сандра Драшковиќ.

Оваа љубовна приказна започна кога Карлеуша и Мариќ се сретнаа на јахтата „Першинг“ со која пловеа во близок круг на пријатели.

Тогаш се шпекулираше дека Мариќ сака да ка ожени Карлеуша и да има деца со неа, но ништо не бидна од таа приказна.

4. Душко Тошиќ

Во 2007 година, пејачката го запозна 7 години помладиот фудбалер Душко Тошиќ. Душко лажеше за своите години и рече дека има 26, а не 20 години.

Јелена и Душко стапија во брак од кој имаат две ќерки  – Атина и Ника.

Почетокот на нивната љубовна приказна е раскажан многупати досега. Дека Душко си ги исполнил детските соништа кога првпат ја бакнал Карлеуша говореше и самиот.

„Таа е вистинска лавица, но во моите прегратки мачка што преде“ – изјави своевремено Тошиќ за магазинот Глорија. Од секој негов збор можеше да се претпостави дека поранешниот фудбалер е луд по атрактивната пејачка.

Да потсетиме, бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ повеќе години е главна тема во домашните медиуми. Проследен со скандали и афери, прељуби и неверства, расправии и кавги, заминувања и смирувања…

Сепак и покрај тоа што избегнуваа јавно да говорат за својата брачна врска, во најновата објава на Јелена Карлеуша станува јасно дека сепак не успеале да најдат заеднички јазик по што разводот е изгледа неминовен.

И тука списокот на сите (официјални) мажи во животот на Карлеуша завршува… Барем засега… Врањеш и останатите „за една употреба“, не ги броиме!

Фото: Инстаграм принтскрин/ЈК профили

Останати вести од Радио Милева