Радио Милева
нови промени

Oва се новите правила во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“

Oва се новите правила во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“

Новата 15 сезона на  „Ѕвездите на Гранд“ ќе започне на 18 септември, а наместо Јелена Карелуша во жирито ќе се најде Цеца Ражнатовиќ.

Меѓутоа, освен промена во жирито ќе има и промена во правилата.

Како што пишува нова.рс, оваа година ќе има помалку кандидати, а во првите четири круга ќе се појават натпреварувачи кои досега никогаш не било во музичкото натпреварување.

„Саша го намали бројот на кандидатите за да може гледачите да обратат внимание на секој поединечно“, вели извор.

Што се однесува и до правилата и тие се промениле. Во првиот круг ќе има ѕид, а жирито нема да може да ги види кандидатите туку само да ги слушне. Откако ќе гласаат, ќе се крене ѕидот и кандидатите ќе може да видат дали некој глас за нив.

Исто така, како и претходната година и оваа година членовите на жирито ќе бидат ментори, па кандидатот ќе бира со кој ќе сака да соработува.

Инаку, некои од кандидатите кои учествувале претходните сезони ќе бидат вратени четврти/ петти круг.

фото: горан срданов/нова.рс/звезде гранда

Останати вести од Радио Милева