Радио Милева
циркуз на шанкот

Ова се натпреварувачите во новото ријалити „Бар“: За пари буквално касам, ме привлекува безобразлук, со моите атрибути постигнувам се’…“ (ВИДЕО)

Ова се натпреварувачите во новото ријалити „Бар“: За пари буквално касам, ме привлекува безобразлук, со моите атрибути постигнувам се’…“ (ВИДЕО)

Реланите шоу програми „Задруга“ и „Парови“ добиваат конкуренција. Од денеска на српската телевизија Курир започнува да се емитува ново реално  шоу насловено „Бар“ кое, како што се најавува од страна на организаторите,  се’ уште не е видено во Србија и регионот, па затоа брзо ќе ги „закова“ гледачите за ТВ екраните!

Натпреварувачите ќе живеат заедно во стан и ќе работат во истиот локал во срцето на Белград. Највештиот натпреварувач кој со својот труд и карактер ќе ги освои симпатиите на публиката, по три месеци чесна, но интересна борба ќе добие награда од 30.000 евра!

Точно во 20:45 часот само на Курир ТВ можете да го гледате спектакуларниот почеток на „Бар“.

И додека сите со нетрпение очекуваат да се сретнат со учесниците на новото реално шоу, ви претставуваме како изгледало  на кастингот и кој според нивните специфики, желби и амбиции успеал да привлече продукција и да стане дел од ова шоу.

Епизодите од реалното шоу „Бар“ можете да ги гледате во живо на веб-страницата Курир.рс, а секоја епизода ќе биде споделена на страницата за да се гледа истата вечер по премиерата.

Останати вести од Радио Милева