Радио Милева
сестра и браќа

Ова се Иван и Никола – полубраќата на Јелена Карлеуша од вториот брак на татко и (ФОТО)

Ова се Иван и Никола – полубраќата на Јелена Карлеуша од вториот брак на татко и (ФОТО)

Дивна и Драган Карлеуша се запознале и се венчале во 1977 година, а веќе следната година ја добиле ќерката Јелена. Во тоа време Дивна била студентка на Правниот факултет, а Драган криминален инспектор. За жал, бракот не им траел долго. По некое време секој тргнал по својот пат, а нивното единствено дете продолжило да живее со својата мајка.

Иако подоцна Дивна имала емотивна врска со пејачот Велимир Митровиќ Гале која траела цели 17 години, таа не се омажила повторно. Драган, сепак, решил уште еднаш да застане пред матичар, а во неговата официјална биографија, еднаш претставена во јавноста, стои дека неговата втора сопруга е директор и косопственик на фирма која се занимава со обезбедување.

Кога Јелена Карлеуша имала 13 години, нејзиниот татко го добил првиот син Иван, а десет години подоцна и вториот син Никола. Иако отсекогаш одржувала блиски односи со своите полубраќа, а така е и денес, на социјалните мрежи може да се најде само една заедничка фотографија.

Снимена е во далечната 2016 година, на Видовден, во еден белградски ресторан, кога Јелена и Душко Тошиќ го собраа своето семејство за да прослават десет години љубов и осум години брак.

Споменатата фотографија и денеска може да се види на „Инстаграм“ профилот на Иван Карлеуша. Истата е придружена со кратка порака: „Една од сношти“ #сестра и браќа“!

Фото: Инстаграм принскрин/ ivan.karleusa/divnakarleusa

Останати вести од Радио Милева