Јелена Карлеуша неколку години беше скарена со „Гранд“, но сега е редовна во најголемата продуцентска куќа и дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“.
Иако со години наназад во медиумите се пласираше дека Јелена Карлеуша нема најдобро мислење за газдарицата на Гранд, Лепа Брена, тие тоа го демантираа со позитивни коментари една за друга.
А сега двете најпознати пејачки се појавија на свадбата кај ќерката на Драган Стојковиќ -Пикси. На свадбената Лепа Брена се фати за микрофонот и почнаа да пее, а веднаш и се придружи и Карлеуша. Двете пејачки прегрнати го оптпејаа хитот на Брена „Имам песна да вам певам“, а се тоа го снимаа и објавија на Инстаграм.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.