Реалното шоу „Задруга“ е едно од најпопуларните шоуа на овие простори, а моментално најактуелен е љубовниот триаголник Киа Коцкар, Слоба и Луна Џогани.
Киа за три дена ќе го прослави својот роденден во реалното шоу „Задруга“. Нејзините фанови веќе неколку недели се подготвуваат за нејзиниот роденден, па собираат пари за нејзиниот подарок.
Покрај тоа, фановите добија идеја да ја поканат фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ да влезе таа вечер во „Задруга“ и да отпее неколку нејзини песни.

Цеца се уште не се огласи дали ќе ја прифати поканата, но ако се одлучи да се појави во шоуто најсреќна ќе биде Киа.
фото:принскрин/инстаграм
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.