Радио Милева

Ова немате прилика да го видите на ТВ екраните: Марио од Куманово откри што се случува зад камерите на „Ѕвездите на Гранд“

Ова немате прилика да го видите на ТВ екраните: Марио од Куманово откри што се случува зад камерите на „Ѕвездите на Гранд“
фото: принтскрин/инстаграм

Секоја сабота на Канал 5 телевизија имаме прилика да го гледаме музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Во последните неколку години, оваа музичко шоу е регионално. Односно ако до пред неколку години учествуваа само кандидати од Србија, сега има и претставници од државите во регионот.

Во Македонија ова е едно од најпопуларните шоу од ваков карактер, па неколку години наназад се пријавуваат Македонци и Македонки кои сакаат да си ја пробаат среќата или да го покажат својот квалитет.

фото: Принтскрин/инстаграм/звездегранда2019

Некои  од нив успеајаа, некои само еднаш се појавија, а некои се уште се „тресат“ на сцената на „Гранд“. И оваа година, како и претходната има Македонци кои се „борат“ во музичкото шоу.

Според новите правила на „Гранд“, секој член од жирито е ментор на кандатите и заедно сооработуваат.

Оваа сезона еден од учесниците е Марио Арангеловски од Куманово за кого веќе ви пишувавме во вчераните вести на вистина.ком.мк

Марио имаме прилика да го гледаме на сцена и како настапува, но тој сега откри што се случува зад камерите на „Ѕвездите на Гранд“.

Имено, ако на ТВ екраните може да видиме како се изгледа совршено, намонтирано, убаво и професионално, но и исто така може да ги видиме кавгите меѓу членовите на жирито, Кумановецот откри што се случува пред снимање.

фото: принтскрин/јутутб/ѕвездитенагранд

Имено, во неговиот влог на Јутуб тој покажа како изгледа зад сцената на Гранд од каде што излегуваат кандидатите, исто така ја покажа и собата за емоции каде што е водителот Воја заедно со поддршката на кандидатите, покажа како изгледа просторијата каде што се подготвуваат кандидатите.

фото: принтскрин/јутутб/ѕвездитенагранд

Пред да започне снимањето, кандидатите со нивните ментори имаат генерална проба, а некогаш снимањата знаат да траат и по неколку часа на ден.

Во продолжение погледнете како изгледа зад камерите на музичкото шоу.

За потсетување, во 2017 Ристе Ристески победи  во „Ѕвездите на Гранд“.

Останати вести од Радио Милева