Живот и Стил

Ова масло е единственото кое ви е потребно: Хранливо и лековито, можете да го користите на милион начини

Ова масло е единственото кое ви е потребно: Хранливо и лековито, можете да го користите на милион начини

Покрај тоа што е здраво, кокосовото масло е одличен сојузник за нега и убавина на жените. Корисен е за нега и на косата и на кожата на целото тело, па токму затоа денес ви претставуваме неколку трикови и начини како да го искористите кокосовото масло:

Отстранување шминка

Кокосовото масло можете да го користите како и секое друго средство за отстранување шминка, со помош на памук и ќе ви помогне да ја отстраните дури и водоотпорната шминка без многу мака.

Освежувач на здивот

Кокосовото масло можете да го „држите“ во устата околу 20 минути и на овој начин да си обезбедите свеж здив, побели заби и поздрави непца. На кого му треба уште стоматолог?!

Лосион за тело

Едноставно нанесете кокосово масло на кој било дел од телото и уживајте во мека, нежна и хидрирана кожа – на сосема природен начин!

Производ за нега на нокти

Со помош на кокосово масло, вашиот маникир може да трае подолго, а освен тоа, масажата на ноктите со кокосово масло е одлична за спречување и лекување на кутикулите.

Средство за чистење четки за шминка

Измешајте антибактериски сапун со кокосово масло и ќе добиете сосема природна алатка за ефикасно чистење на четките за шминкање.

Балсам за усни

Бидејќи кокосовото масло може да се користи за нега на кожата на целото тело, нема причина да не се грижите за вашите усни со него. „Сместете го“ во шишенце со балсам за усни со тарог и уживајте во негувани и хидрирани усни каде и да сте.

Лек против стрии и лузни

Кокосовото масло не може да ги избледи постоечките лузни, но може да помогне да се спречи нивното формирање. Служи за превенција од стрии и какви било лузни.

Крем за очи

Кажете им збогум на темните кругови и фините линии околу очите веднаш штом почнете да користите кокосово масло за нега на оваа област.