Вистаграм

Ова куче изгледа како плишена играчка и има 261 000 обожаватели

Ова куче изгледа како плишена играчка и има 261 000 обожаватели

Ги знаете оние кучиња што изгледаат како плишена играчка, но всушност се вистински кучиња? Таква е малата Сунсим, осумгодишна малтешка пудла, која живее во Јужна Кореја и со својот изглед воодушевува 261 000 следбеници на Инстаграм.

Слатката Сунсим не е единственото куче во своето семејство, друштво ѝ прават двегодишниот бишон фризе Деоксон, а неодамна им се придружи и една пудличка. Нивните авантури забавуваат многу луѓе, а имаат и свој канал на Јутјуб, каде што можете да гледате разни видеа за веселото и интересно секојдневие на неодоливото трио од Јужна Кореја.

Сопствениците на Сунсим сакаат да ја облекуваат во убава облека, а таа ужива и е подготвена да позира, па во продолжение погледнете дел од нејзините фотографии.

Останати вести од Вистаграм