Радио Милева
Коректен и емотивен

Ова е вистината за односот на Саша Поповиќ со синот од првиот брак на неговата сопруга

Ова е вистината за односот на Саша Поповиќ со синот од првиот брак на неговата сопруга

Покрај неговата мајка Сузана Јовановиќ, Саша Поповиќ беше најгорд на Даниел кога и го кажа судбоносното „да“ на својата долгогодишна девојка Тијана.

Саша секогаш нагласувал дека не прави разлика меѓу Даниел и Александра.

‒ Сузана ми е најдобра другарка и десна рака. Се консултирам со неа за се’. Кај нас живее и Даниел, нејзиниот син од првиот брак. Со нас е од осумгодишна возраст. Прво се запиша во средно политехничко училиште, но кога видовме дека не го интересира, го запишавме и го префрливме во музичко, а потоа во училиште за звучна режија. Тој е добар со компјутери, миксери и звук. Свири клавир и гитара фантастично, а секоја песна на „Ѕвезда Гранда“ ја подготвува или тој или Жика Јакшиќ – изјави еднаш Саша Поповиќ.

‒ Даниел на почетокот беше малку збунет, но јас го третирав како вистински татко. Го сакав, како што тој мене, и го сметам за мое дете. Го сакам затоа што е добро, културно и воспитно момче, а најмногу ме фасцинираше е неговата благодарност што така го прифатив. Никогаш не сум имал конфликт со него. Имав со Александара, но тој никогаш не ми даде причина за тоа. Секогаш прави се’ што барам од него, а јас морам да ја молам Александра да ме слуша. Но, кога ќе рече: „Тато, донеси ми сок“, веќе по нејзиното прво предупредување станувам и и го носам, се пошегува Саша.

фото:Промо/Ало.рс

Останати вести од Радио Милева