Промотер

Ова е видеото на „Калуш оркестра“ за нивната победничка песна на „Евровизија 2022“ – „Стефанија“ (ВИДЕО)

Ова е видеото на „Калуш оркестра“ за нивната победничка песна на „Евровизија 2022“ – „Стефанија“ (ВИДЕО)

Украина победи на годинешнава Евровизија со песната насловена „Стефанија“. Интересен спој на изворниот украински фолклор и современите музички урбани жанрови каков што е рапот. Настапот, кореографијата, костимите, танцувачката вештина, поткрепени со светлосно – визуелните ефекти, во многу што придонесоа „Калуш оркестра“ со оваа песна да и ја донесат победата на Украина. Иако сите сметаат дексе работи за наменска тема компонирана за ужасите на војната и судбината на малиот обичен човек во неа, сепак нејзиниот автор има поинаква приказна за тоа како настанала:

„Оваа песна еднаш и ја посветив на мајка ми, а кога избувна војната, песната доби многу нови значења.Иако во песната нема ниту збор за војната, многу луѓе почнаа да ја поврзуваат песната за мајката со  мајка Украина. Згора на тоа, општеството почна да ја нарекува химна на нашата војна! Но, ако сега Стефанија е химна на нашата војна, би сакал таа да стане химна на нашата победа“!

Инаку видеото на „Калуш оркестра“ за „Стефанија“ е темелено на вистински настани за време на воената агресија во Украина во 2022 година, а како сето тоа изгледа погледнете подолу: