Живот и Стил

Ова е првата српска плус-сајз манекенка, но никој не ги гледа нејзините вишок килограми

Ова е првата српска плус-сајз манекенка, но никој не ги гледа нејзините вишок килограми

И Србија ја има својата плус-сајз манекенка – Анџелина Луковиќ е висока 180 центиметри и има 80 килограми, а многумина гледајќи ги нејзините фотографии воопшто не веруваат дека на нив има нешто вишок.

Анџелина станала плус-сајз модел откако се пријавила во една агенција која барала нови лица, а полека но сигурно станува ѕвезда во својата земја.

Убавата Србинка ја краси огромната самодоверба, а честопати знае да го покаже и својот природен изглед на социјалните мрежи.

Една од нив е секако онаа фотографија на која Анџелина нема ни грам шминка, а на која позира самоуверено и без комплекси.

Иако српските медиуми ја нарекуваат плус-сајз модел, нам не ни е јасно каде се тие 80 килограми…

извор:точка.мк