Жените отсекогаш мислеле дека е привлечен, а неговата прва сопруга, белерината Иванка Цероваќ многу ја сакаше.
Раде Шербеџија дипломираше на 22 години, а уште тогаш бил лудо заљубен во својата балерина. Раде и Иванка се венчале на 23 години.
Актерот веднаш добил ангажман во градскиот театар каде што играл во претставите „Хамлет“ и „Ричард Трети“, а неговата сопруга станала кореограф во театарот за млади. Од бракот имаат и две деца.
Во 1971 година го добиле синот Данило, а две години подоцна им се родила ќерката Луција.

фото: Фејсбук
Како актерот станувал попознат, така нивниот брак почнал да се распаѓа. Во песната „Хамлет машина“ која ја напишал во 1992 година признал дека е виновен.
Иванка и Раде се разделиле во 1997 година, а на првата сопруга и посвети збирка во која напиша: од нас ништо не остана освен две возрасни деца кои животот ги убедува дека не беше сон“.

фото: србијаданас
Бившите сопружници по разводот останаа пријатели и до 2010 година, кога Иванка почина од мозочен удар.