Вистаграм

Ова е најмладиот човек што го обиколи светот за импресивни 6 години

Ова е најмладиот човек што го обиколи светот за импресивни 6 години

Британецот Џејмс Аскит е најмладиот маж кој го обиколил цел свет.

Овој Гинисов рекордер не е некој кој долго се задржува на едно место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Asquith (@jamesasquith)

И додека на почетокот на 2021-ва година, најголемиот дел од светот беше во своите домови, не помислувајќи на патување, Џејмс го прославил роденденот во Дубаи. Претходно деловно ги посетил Париз, Франкфурт и Јужна Африка.

„Имав 24 години кога ја посетив секоја земја во светот. Ми требаа 6 години, без никакви трки со времето“, признал Џејмс и открил дека сè почнало после прва година на факултет.

„Отидов со најдобриот другар во југоисточна Азија за да волонтираме. Градевме куќи. Немавме поим што правиме, но дававме сè од себе. Тоа беше моето прво искуство со патувањата“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Asquith (@jamesasquith)

Џејмс, кој потоа се вратил во Лондон на втора година факултет, сфатил дека не може да размислува за ништо друго. Веднаш одишол на аеродром и така започнало сè. Истото го направил и со третата година, а подоцна, кога добил работа, имал среќа бидејќи директорот бил внимателен и му дозволил да продолжи да оди на патувања.

„Некои земји беа надвор од мојот ранг. На пример, Судан. Тогаш трпеливо чекав да почнам да заработувам повеќе“.

Сега како 32-годишник признава дека му е најдраго што го видел цел свет како помлад.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Asquith (@jamesasquith)

„Моето семејство немаше ништо со тоа. Не бевме сиромашни, но едноставно тоа не би можеле да ми го овозможат. Заработував на сите страни. Перев автомобили, дури и дував балони и така штедев пари. Сè успеав сам, без никакви спонзори. Сакав да покажам дека и тоа се може“.

На прашањето кое место му оставило најголем впечаток, Џејмс одговорил дека тоа се Египет или Виетнам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Asquith (@jamesasquith)

„Египет, бидејќи тоа беше моето прво соло патување, а Виетнам бидејќи таму ги направив првите патнички грешки. А кои, тоа е веќе тајна“.

Пред Џејмс најмладиот маж кој го пропатувал цел свет имал 37 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Asquith (@jamesasquith)

извор: точка.мк