Радио Милева
жива брука

Ова е најголемиот срам во нејзината кариера: Гоца Божиновска отишла да пее на погрешна свадба! (ФОТО)

Ова е најголемиот срам во нејзината кариера: Гоца Божиновска отишла да пее на погрешна свадба! (ФОТО)

Пејачката Гоца Божиновска си ја отвори душата и раскажа за една од нејзините најголеми бруки и срамови во нејзината пејачка кариера.

Имено, Гоца откри дека и самата била шокирана од случувањата на свадбата во селото, а сега сподели како изгледал епилогот од нејзината брука. Гоца призна дека се уште се срами од овој настан.


„ Верувале или не, и се случи да отидам да пеам на погрешна свадба. Две забави на исто место, неколку километри подалеку, а јас одам на погрешно место. Дојдов кај домаќините, се поздравив, убаво ме пречекаа. Мислеа дека еден од гостите ме ангажирал. Седнав, ме послужија,  ми донесоа ручек, ми рекоа да се опуштам, полека. И за половина час ми ѕвони телефонот, ми се јавува човекот каде што всушност требаше да пеам и ми вели: „Значи, побогу Гоцо, каде си, луѓето чекаат? Збудалеа“.

Велам: „Па, дојдов“, и му објаснувам, а тој ми вели дека сум дошла на погрешно место. Подоцна им се извинив и на едните и на другите, им се заблагодарив на гостопримството на првите и отидов да пеам каде што имав закажано. Замислете, можеше да се случи да станам и да си отпеам, а додека пеам мобилниот во чантата и нема да го слушнам… И ќе беше голема хаварија!“ – низ смеа изјави Божиновска за „24/7“.

Фото: Инстаграм принтскрин/gocabozinovska

Останати вести од Радио Милева