Живот и Стил

Ова е најефтиниот природен начин да се ослободите од целулитот: Потребна ви е само една состојка која веќе ја имате дома

Ова е најефтиниот природен начин да се ослободите од целулитот: Потребна ви е само една состојка која веќе ја имате дома

Повеќето жени имаат проблем со целулитот.

Овој природен, но не толку омилен изглед на женското тело може да направи да се чувствувате непријатно во сопствената кожа.

Време е за костими за капење, а вие сигурно веќе сте ги пробале сите скапи креми кои не делуваат како што сакате. Време е да пробате природна состојка која веќе ја имате во вашата кујна која прави чуда против целулитот.

Станува збор за јаболков оцет.
Се што ви треба за овој природен лек против целулит веќе имате дома. Тоа се јаболков оцет, лосион за тело, памук и вода.

Пијте јаболков оцет
Јаболковиот оцет има силно детоксикативно дејство. Го ослободува телото од акумулираните токсини во клетките на сврзното ткиво и потоа ги мие. Пијте две лажици јаболков оцет разреден во чаша вода или друг пијалок (избегнувајте ги оние полни со шеќер) два пати на ден. Резултатите ќе ги видите по неколку недели, затоа не се откажувајте. Јаболков оцет исто така ќе му обезбеди на вашето тело многу потребни минерали како што се магнезиум, калиум и калциум.

Масажа со јаболков оцет
За надворешна апликација, потребна ви е ¼ чаша јаболков оцет со лажичка од лосионот за тело што го користите. Натопете памукче во растворот и истријте го местото каде што се наоѓа целулитот. Намокрете памучна подлога во растворот и притиснете ја на местото каде што имате целулит. По 30 минути, исплакнете ја кожата со вода. Повторете ја оваа масажа два пати на ден и ќе бидете воодушевени од резултатите.