Радио Милева

Ова е момчето на Сенидах кое го крие половина година (фото)

Ова е момчето на Сенидах кое го крие половина година (фото)
фото: принтскрин/инстаграм/сенидах

Сенида Хајдарпашиќ или позната како Сенидах моментално е една од најпопуларните пејачки во регионот.

Сенидах го крие својот приватен живот, но како што пренесува ало.рс таа веќе неколку месеци е во тајна врска со Стефан О. (27) од Херцег Нови.

Како што вели извор за ало.рс, Сенидах и момчето се запознале на еден нејзин настап, а врската започнала само неколку месеци по интезивно допишување.

фото: принтскрин/инстаграм

„Стефан и Сенидах се познваат од порано. Тој во текот на летниот период работеше како член на обезбедување во многу клубови во кои таа настапуваше, но беше вработен и како приватно обезбедување на одредени колеги на Сенидах, па така често се гледа“, вели доброизвестен извор за ало.рс и продолжува:

„Веднаш имаше симпатии меѓу нив, а бидејќи не живат во иста држава, но и поради разликата во годините изгледаше невозможно да  започнат врска“ вели извор за ало.рс

фото; Инстаграм

Како што вели соговорникот тие почнале да се следат на „Инстаграм“, а потоа започнале допишувањата.

„Претходното лето, Сенидах отпатува во  Херцег Нови и тогаш ја започнаа романсата. Дотогаш имаа неколку кавги, најчесто поради љубомората и одалеченоста, но љубовта која ја чувствуваат е посилна. Сенидах го водеше Стефан во Словенија, го запозна со семејстовото и навистина има сериозни намери со него“ додава изворот.

Тој објаснува дека се кријат од медиумите и одат на некои интимни места, ресторани од затворен тип или приватни плажи.

фото: инстаграм

Пејачката не се огласи по повод овие пишувања.

Останати вести од Радио Милева