Мегафон
фестивал

Отврено 42. издание на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола

Отврено 42. издание на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола

Со македонска премиера на „Сестри“, дебитанскиот филм на македонската режисерка Дина Дума, синоќа во Битола се отврои 42. издание на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“. Првпат наместо во Центарот за култура во Битола, отворањето беше во Пациото во Завод и музеј Битола поради протоколите за заштита од ковид-19. По проекцијата целата екипа од филмот се поклони пред публиката.

Новото издание на „Браќа Манаки“ почна со музички настап на Каролина Гочева, која придружувана од Никола Мицевски на пијано изведе неколку нумери од филмови.

Отворањето, поради ковид-протоколите првпат беше на отворено, во битолското Пацио во Завод и музеј Битола.

Црвениот килим е неизбежен за секој Фестивал, па така и за „Браќа Манаки“. Но, гостите, пред стапнат на црвениот килим мораше да ги покажат ковид-сертификатите.