Љубов и Секс

Откриено што навистина сакаат мажите во кревет

Откриено што навистина сакаат мажите во кревет

Мажите конечно открија што навистина сакаат во креветот, а тоа не се само интимните односи. Резултатите од истражувањето може да ве изненадат.

Многу луѓе веруваат дека мажите се опседнати со секс и дека тоа е единственото нешто што го сакаат. Сепак, постои нешто што посилниот пол го сака повеќе од сексот, а научните истражувања дошле до заклучок дека мажите во кревет ги привлекуваат некои посуптилни работи од самиот секс.

Затоа, многу мажи не се секогаш подготвени за интимни односи, а истражување спроведено во 2017 година покажало дека многумина се преправаат дека се заинтересирани за секс, и покрај тоа што не се.

Истражувајќи ја оваа тема, академски истражувачи и секс терапевти дошле до големо објаснување за тоа што сакаат мажите во кревет.

Емоционална поврзаност

Недостатокот на емоционална поврзаност со долгогодишната партнерка е еден од најголемите инхибитори на сексуалната желба кај мажите, според студијата од 2017 година објавена во „The Journal of Sex Research“.

Истражувањето е спроведено на 30 интервјуирани мажи, на возраст од 30 до 65 години. Фокусот бил на фактори кои можат да ја зголемат или намалат нивната сексуална желба. Интересно е што мажите ги навеле 3-те најголеми грижи, а тоа се: потребата да се чувствуваат посакувано, стравот од одбивање и недостатокот на емоционална поврзаност со партнерката.

Постои општа претпоставка дека жените треба да се чувствуваат поврзано за да имаат секс, но мажите не. Сепак, емоционалната поврзаност е навистина важна за повеќето мажи, вели Џон Петерсен, психолог и сексуален терапевт, пишува „Zavovoljna.rs“.

Потреба да се чувствуваат посакувано

Студија објавена во 2021 година покажува дека за многу мажи е важно чувството на посакуваност. Резултатот од истражувањето покажал дека 12 отсто од мажите не се чувствуваат посакувано во нивните врски, домот бил „клучен“ за 8,4 отсто од мажите. Мажите исто така истакнале дека е доволно само партнерката да им каже дека се пожелни и така и ќе се чувствуваат.

Луѓето кои се чувствувале сакано и посакувано од нивните партнери имале поголема веројатност да се вклучат и да уживаат во сексуални активности, сугерира студијата од 2020 година објавена во „Journal of Sex & Marital Therapy“.

Желба жените почесто да преземаат иницијатива

Студија од 2004 година во која научниците интервјуирале 32 студенти на колеџ во Њујорк покажала дека учесниците посакуваат нивните партнерки почесто да преземаат иницијатива.

Авторите на трудот објавен во „The Journal of Sex Research’ во 2013 година прашале 44 хетеросексуално активни мажи колку често нивното однесување и интеракции во сексуалните односи ги следат традиционалните очекувања за тоа што прави жената и што прави мажот.

Заклучокот е дека менувањето на „родово сексуалните сценарија“, или традиционалните начини на кои стрејт мажите и жените треба да комуницираат едни со други, има потенцијал да ја зголеми родовата еднаквост, како и сексуалното задоволство за двата партнера.

Мажите сакаат нивната партнерка да доживее оргазам

Многу луѓе мислат дека на мажите не им е грижа дали жените ќе кулминираат за време на сексуалниот однос, но истражувањата го покажале спротивното.

Заклучокот од студијата на Институтот Кинси е дека мажите се посреќни во врските доколку сметаат дека оргазмите на партнерката се важни. Не е изненадувачки што мажите пријавиле поголема самодоверба и чувство на мажественост доколку жените доживеале оргазам. Но, мажите често се мотивирани да ја доведат партнерката до оргазам само затоа што ја сакаат, покажа студијата.

Фантазии без осудување

Отворената сексуална комуникација и разговори на оваа тема, според студијата објавена во „Journal of Social and Personal Relationships“, е многу важна за здрав однос.

Овој фактор е многу важен за партнерите подобро да се запознаат и да разберат како можат меѓусебно да се задоволат.

извор:попара.мк