Љубов и Секс

Откриена тајната на добриот сексуален живот и – нема никаква врска со вештините во кревет

Откриена тајната на добриот сексуален живот и – нема никаква врска со вештините во кревет

Не можете да замислите што би можело да го подобри вашиот љубовен живот, според истражувања на научниците. Прочитајте во продолжение.

Можеби мислите дека научниците ќе ве запознаат со некоја оригинална техника или пак иновативен начин на размислување кој нашиот љубовен живот ќе го издигне на повисоко ниво, но очигледно е дека тоа што тие имаат да ни го понудат изгледа прилично приземно и малку изненадувачки.

Па, сепак и натаму е ефикасно, според експертите и врз основа на нивните податоци. Според истражувачите од Универзитетот во Џорџија, доколку мажот повеќе е вклучен во грижата за децата и домаќинството во целина, тогаш резултатите ќе бидат видливи и во сексуалниот живот на парот.

Истражувачите откриле дека кога мажот презема поголеми родителски обврски, ефектно делејќи ги задачите и грижите со својата партнерка, тогаш парот добива повеќе задоволство од својата врска, што исто така се одразува на квалитетот на нивниот сексуален живот.

Но, кога жената има исклучива одговорност да се грижи за децата, тогаш ниту еден партнер не е среќен и двајцата пријавуваат повеќе незадоволство во квалитетот на својата врска, како и сексуалниот живот.

извор:точка.ком.мк