Мегафон

Откажано гостувањето на Белградска филхармонија во Скопје поради ненадејната смрт на Иван Тасовац

Откажано гостувањето на Белградска филхармонија во Скопје поради ненадејната смрт на Иван Тасовац

Гостувањето на Белградска филхармонија во Скопје, на 9 октомври е откажано, поради ненадејната смрт на директорот Иван Тасовац, кој почина синоќа, во својот дом во Белград, соопштија од Филхармонија.

На сите кои купија билети за овој настан, ќе им бидат рефундирани средствата. Гостувањето ќе се реализира во наредниот период, а за датумот ќе бидете дополнително информирани, додаваат од Филхармонија.