Радио Милева
Јасен одговор

Откако Карлеуша објави дека Душко не се гледа како дел од семејството, тој се огласи со фотографија која говори се’ (фото)

Откако Карлеуша објави дека Душко не се гледа како дел од семејството, тој се огласи со фотографија која говори се’ (фото)

Дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се разведуваат дознавме по објавата на поп-ѕвездата која преку социјалните мрежи ги информираше оние кои ја сакаат и оние кои не ја сакаат за моменталната фаза од нејзиниот живот.

Јелена на овој начин побара разбирање од сите и откри дека имотот, за кој претпоставуваше дека најмногу ќе се зборува и пишува, на децата ќе им биде пренесен од неа и фудбалерот, како и дека нејзините ќерки Атина и Ника ќе бидат под нејзино старателство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

По признанието на Јелена сите чекаа Душко да проговори, а неколку часа подоцна се огласи и тој.

Наскоро бившиот сопруг на Јелена Кареуша го прекина молкот објавувајќи фотографија со ќерките во автомобил. И тоа е доволно за да пренесе многу јасна порака дека и покрај тоа што повеќе нема да биде во брак со Јелена, тој останува татко на своите миленички на кои секоја желба им ја исполнува.

Разводот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ е вест која секако ги возбуди сите оние кои ја следеа брачната двојка низ годините, но изгледа дека фудбалерот со ладна глава се справува со овој животен пораз.

фото:Инстаграм/Јелена карлеуша/Душко Тошиќ

Останати вести од Радио Милева