Живот и Стил

Останувате будни до доцна во ноќта? Еве како тоа може да влијае на вашето ментално здравје

Останувате будни до доцна во ноќта? Еве како тоа може да влијае на вашето ментално здравје

Дали имате навика да останувате будни до доцна во ноќта? Доколку одговорот е „да“ тоа значи дека најверојатно и не ги добивате препорачаните 7-8 часа сон. Но, дали и како тоа влијае врз вашето ментално здравје? Прочитајте во продолжение.

1. Когнитивно нарушување
Недостатокот на сон значително може да го зголеми ризикот од деменција и когнитивно нарушување со оглед на тоа што мозокот не е во состојба да се ослободи од токсините и вишокот протеини кои се натрупале во текот на денот. Истражувањата покажале дека хроничното кратко времетраење на сонот кај пациентите од 50, 60 и 70 години може да го зголеми ризикот од деменција за 30% во споредба со пациентите чиј сон трае околу 7 часа. Згора на тоа, студиите покажале и дека будноста и лишувањето од сон можат да доведат значителни негативни промени во когнитивните перформанси како нарушување на меморијата и на способности за концентрирање и одлучување.

2. Нарушено расположение
Дали се чувствувате луто и иритирано доколку претходната вечер сте останале будни до доцна навечер? Дали вашето расположение се подобрува благодарение на добриот и квалитетен сон? Истражувањата покажале дека доколку секоја вечер во текот на неделата спиете околу 4,5 часа, ќе се чувствувате ментално исцрпени, лути, тажни и полни со стрес.

3. Развој на ментални болести
Вашата ментална благосостојба може да биде нарушена како резултат на фактот дека сте будни цела ноќ, а тоа може да доведе до следните психолошки состојби:

стрес
анксиозност
депресија
биполарно растројство
манија
параноја
шизофренија

4. Физички здравствени проблеми
Лишувањето од сон на подолг временски период може да доведе и до голем број физички здравствени проблеми како:

висок крвен притисок
дијабетес
зголемување на телесната тежина
ослабен имунолошки, респираторен и дигестивен систем
кардиоваскуларни болести
замор
зголемено ниво на хормоните на стрес
Откако прочитавте на кој начин влијае нарушениот сон врз вашето ментално здравје, можеби ќе сакате да прочитате и зошто мајките сакаат да бидат будни до доцна навечер, иако се навистина исцрпени.

Извор: themindsjournal.com/кафе пауза