Живот и Стил

Ослободете се од митисерите без одење на козметичар: Ова можете да го направите самите, потребна ви е само една состојка

Ослободете се од митисерите без одење на козметичар: Ова можете да го направите самите, потребна ви е само една состојка

Црните точки кои не дозволуваат лицето да сјае, така наречените митесери, се досадна и неизбежна појава за секого. Најчесто ги има во пределот на челото, носот и брадата, а целосно можете да ги отстраните само со редовна посета на козметичар.

Сепак, можете привремено да ги отстраните сами, користејќи природни средства. Сокот од лимон ги стеснува порите и ја намалува мрснотијата на кожата, ја дезинфицира и ги отстранува мртвите клетки. Нанесете свежо исцеден сок од лимон, измешан со малку вода на лицето и оставете да делува преку ноќта. Наутро исплакнете се со млака вода.

Ако почувствувате продолжено чувство на печење, веднаш измијте го лицето. Во исто време, никогаш не се изложувајте на директна сончева светлина веднаш по третманот на лицето со лимон, бидејќи ова овошје ја прави кожата фоточувствителна, што може да доведе до депигментација.