Радио Милева
Вртоглава сума

Оштета од неколку стотици илјади евра: Милица Павловиќ освен Ана Николиќ ќе тужи уште неколкумина

Оштета од неколку стотици илјади евра: Милица Павловиќ освен Ана Николиќ ќе тужи уште неколкумина

Младата музичка ѕвезда Милица Павловиќ реши да ја тужи колешката Ана Николиќ за песната „Проверено“ која ја изведуваше на настапи и ја претставуваше како своја.

Тужбата се уште е во адвокатската канцеларија и официјално не е доставена до Обвинителството, но се очекува тоа да се случи секој момент.

Но, покрај Ана, тужбата ќе биде насочена и кон неколку лица, почнувајќи од лицето кое незаконски го објави демото на песната „Провероно“ на социјалната платформа Јутјуб.

Како што понатаму наведуваат медиумите, Милица ќе поднесе тужба против сите инволвирани во оваа афера од причина што и штети на нејзиниот бизнис.

Во краен случај, ако Ана почне да ја изведува верзијата на Милила, таа може законски да ја забрани. Исто така, тужби можат да поднесат и авторите на песната „Проверено“, и тоа Драган Брајовиќ Браја и Дејан Костиќ.
Кога станува збор за отштетата што може да ја добие Милица, таа варира, вели изворот.

Ако се земе предвид дека Ана Николиќ добива повеќе ангажмани (настапи), и профитира изведувајќи ја својата верзија на песната, а Милица, пак, поради ова губи деловни понуди, може да добие многу поголем надомест. Бројката што може да ја добие Павловиќ оди и до 200.000 евра.

фото:Илустрација/Ало.рс/Инстаграм Милица Павловиќ

Останати вести од Радио Милева