Радио Милева
бричена тетоважа

Осамна необичен оглас: Се продава бричот на пејачката од „Хурикејн“, со кој пред да се тетовира, го бричелa овој дел од телото (ФОТО)

Осамна необичен оглас: Се продава бричот на пејачката од „Хурикејн“, со кој  пред да се тетовира, го бричелa овој дел од телото (ФОТО)

На  сајтот кој се занимава со продажба на разни работи се појави оглас кој некои ги насмеаа, а некои воодушевија.

Имено, тој што го објавил огласот напишал дека продава брич (бикче) кој бил користен од членката на групата „Хурикејн“, Сања Вучиќ.

„Со овој брич и ги избричив влакненцата од грбот на Сања пред да ја направи нејзината тетоважа.

Купувачот на овој брич ќе има шанса по купувањето да оди на пијачка со Сања и лично да се сретне со неа. Парите од оваа аукција одат во хуманитарни цели“ – стои во огласот.

Цената на бричот е 40.010 динари.

Инаку, Сања е позната како обожавател на тетоважи, па не се двоуми да го покаже тоа.

„Нема посебна причина, сакам да се тетовирам, тоа е нешто што и инаку го правам (се смее).

Имам тетоважа што сакав да ја покријам, па дојдов кај Фиќо. Оваа нема посвета, има една што ја направив на бутот, со цвеќиња, тоа е за секоја жена во мојот живот“ – изјави Сања во емисијата „Премиера“.

Каков е интересот и го купил ли досега некој бричот, допрва ќе дознаеме.

Фото: Инстаграм принтскрин/sanjalilwolf

Останати вести од Радио Милева