Љубов и Секс

Оргазмична медитација: Кои се придобивките од овој нов секс тренд? (18+)

Оргазмична медитација: Кои се придобивките од овој нов секс тренд? (18+)

Со помош на традиционалната медитацијата можеме да го насочиме нашето внимание кон прифаќање на сегашниот момент и кон практики кои ни помагаат да се смириме. Кога станува збор за оргазмичната медитација, исто така се фокусираме на сегашниот момент, на нашиот здив и енергија, наместо на физичкиот допир со партнерот.

И двата вида медитации се обидуваат да ја подобрат врската помеѓу умот и телото и ви дозволуваат не само да имате повеќе спокојство со себе, туку и длабоко да се поврзете со другите.

Што претставува оргазмична медитација?

Наместо да се чувствувате под стрес поради сексот и да му дозволите на вашиот ум да талка во моментот, оргазмичната медитација ќе ви помогне да ги задржите вашите мисли на место за да можете да се концентрирате на вашите чувства и поврзаност со вашиот партнер.

Оргазмичната медитација е насочена кон промена на вашата духовност и вашата сексуалност заедно со партнерот.

Според информации од стручни лица од веб-сајтот Healthlineтреба да обрнете внимание на клиторисот и нежно да ја галите оваа област околу 15 минути, пожелно со лубрикант.

Секако, во тоа можете да уживате сами, но подобро е чувството кога ова го прави партнерот. Така ќе се почувствувате духовно поврзани со оргазмот, со универзумот и со енергијата на вашиот партнер.

За време на овој процес, не само што ги ослободувате хормоните на среќа, како што се случува за време сексот, туку и духовно ќе се усогласите еден со друг.

Иако главната цел на оргазмичната медитација не е оргазам, сепак многумина успеваат да доживеат експлозивен оргазам.

Кои се придобивките од оргазмичната медитација?

Ако сакате навистина да се чувствувате синхронизирано под чаршафите, има многу придобивки од испробувањето на оваа медитација.

Не размислувајте за многу други работи, бидете фокусирани само на вас и вашето тело. Иако процесот е повеќе фокусиран на тоа како комуницирате со вашиот партнер, крајните резултати се експлозивни.

Уживајте во вашиот партнер, предиграта, слатките погледи и галењата. Оваа медитација може да ви помогне да го ресетирате вашиот сексуален живот и да бидете повеќе во склад со саканата личност.

Извор:Црнобело