Лице в Лице
приказни од „зад сцената“...

Оние што ја познаваат, знаат дека Сани оддамна е „соло“, а сега пејачката и јавно проговори за разводот од вториот сопруг: Кариерата никогаш поблескава, во бракот никако да и тргне! (ВИДЕО)

Оние што ја познаваат, знаат дека Сани оддамна е „соло“, а сега пејачката и јавно проговори за разводот од вториот сопруг: Кариерата никогаш поблескава, во бракот никако да и тргне!  (ВИДЕО)

Сања Сани Гроздановска навистина има чудна ѕвезда, необична харизма, ореол над главата кога е музиката во прашање. Атрактивната кумановка  со годините стана една од најпознатите, најбараните, најпосакуваните фолк пејачки кај нас, но и една од неконтроверзните, чија кариера и особено приватниот живот неретко е во фокусот на јавноста на медиумите.

Сани професионално зад себе има дузина фолк хитови, а приватно два, за жал ( или за нејзина среќа?), два пропаднати брака. Оние што одблизу ја познаваат знаат за каква душа се работи, но очигледно „има некој ѓавол“ што постојано се појавува за приватно „да и ја расипе работата“ кога е љубовта во брачните води во прашање, па и таа заедно со нејзините бракови, засега имаат „тетрапак“ рок на траење… Краток и лимитиран!

Дали природата на професијата ја поттикнува љубомората, која станува неиздржлива, па се прелева во брачни несогласувања, или можеби „посилната половина“ е таа што го поттикнува неверството, додека пејачката заработува за семејството… Се разбира, ако е неверство воопшто причината за „брачните бродоломи“ на пејачката, а не „неподносливата  непремостивост на разликите“ во карактерите на брачните сопружници!

Како и да е, да имаш убава, згодна, атрактивна, секапилна, притоа уште и успешна пејачка за сопруга е секако „меч со две острици“.  Од една страна „Божји благодет“, од друга страна, своевидно „проклетство“? Во зависност од тоа, кој како ги доживува нештата! Иако никој не е баба Ванѓа однапред да ги предвиди работите, сепак важи и она, дека во старт треба да знаете со кого стапувате во брак и да сте подготвени на сите предизвици, па и на оние што професијата на брачниот другар ги носи…

Или што би рекле оние од К-15:  „Шо мислеше, ка се онадеше?“

Но што и да е, приватно – животот оди понатаму, професионално – шоуто мора да продолжи! Оние што ја познаваат, знаат дека Сани оддамна е „соло“, иако дури сега пејачката и јавно реши да проговори за разводот од вториот сопруг. Кариерата никогаш поблескава, во бракот никако да и тргне… Засега!

На темата бракови и разводи, растежот на кариерата, кој и ја купи новата „мечка“… и уште многу (не)потврдени трач приказни за жената,  дознајте од од прва рака, пред камерата на „ТВ магазинот од зад сцената“, од  самата неа – атрактивната македонска фолкерка Сања Сани Гроздановска:

Останати вести од Лице в Лице